
Во споредба со лимонот кој има 49 милиграми Ц витамин, во кивите има два до три пати повеќе во сто грама плод.
Кивите се по потекло од јужна Кина, каде се прогласени за национално овошје, потоа се проширени во Нов Зеланд во почетокот на 20 век, каде се засадени првите плантажи околу градот Авондаела во 1924 година, а веќе години наназад ги имаме и кај нас, донесени од Франција.
Полезни состојки
Тие содржат многу голема количина на витамин Ц. Само еден плод содржи витамин Ц 120 отсто од препорачаната дневна доза. Во споредба со лимонот кој има 49 милиграми Ц витамин, во кивите има два до три пати повеќе во сто грама плод.
Зреат во доцна есен и достапноста во текот на зимата ги прави драгоцен производ за јакнење на организмот од надворешните патогени напади, кои во овој дел од годината се почести.
Кивите содржат: Витамини од групата Б, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и влакна. Тие се одлична зимска храна за децата и старите. Имаат малку калории и некои ги применуваат во диети. Кивито е богато со растителни влакна, кои го подобруваат варењето. Одлични се за страсните пушачи поради големата количина витамин Ц. Помагаат во реакцијата на организмот против рани и фрактури на телото. Кивите се идеални за оние кои имаат висок крвен притисок. Покрај тоа, претставува вистински лек против замор и лошо расположение, помага против крвавење на непцата, ги зацврстува жилите и сврзните ткива и ги стимулизира работата на мускулите, особено на срцето. активно допридонесува за раст на коските, го убрзува метаболизмот. Исто така кивите се полни со антиоксиданти кои го неутрализираат дејството на слободни радикали, штити од рак и ги спречува проблемите со видот
Интересни факти
Според новозеландски научници, три киви дневно го намалуваат оштетувањето на DNK во леукоцитите. На неколку луѓе им биле дадени упатства како да го подобрат начинот на исхрана и телесната активност, при што секој од нив внесувал по три свежи киви во денот. Во текот на истражувањата лекарите го мереле нивото на гликоза и инсулин во крвта со следење на заздравувањето на намерно оштетената DNK во леукоцитите.
Кивито содржи ензим кој помага во разградувањето на протеините, па ако ставите неколку тркалца од ова овошје на месо на 10 минути пред печењето ќе биде многу помеко.
Треба да се има на ум дека кивито, како и другото егзотично овошје, може да предизвика алергии, особено кај децата помлади од 5 години.
Се препорачува јадење 2-3 киви на ден, а со тоа тие можат да станат замена на аспиринот.
За да се забрза дозревањето на ова овошје после бербата, доволно е во корпата да се стави некоја јаболка.
.gif)






















.gif)























