
Појадокот на база на протеини може да го регулира апетитот во текот на целиот ден.
Намирниците богати со протеини побавно се варат и употребуваат од страна на организмот, што значи за сите овие процеси, телото согорува поголем број на калории. Тие исто така повеќе се задржуваат во желудникот, што значи дека подолго време ќе се чувствувате сити. Па зошто да не правите лековити комбинации на храна?
- Испитаниците во едно истражување кои исхраната ја збогатиле додавајќи 30 проценти повеќе протеини, внесувале 450 калории помалку на ден и изгубиле околу 5 килограми во текот на 12 недели без да внесат било какви други промени во храната.
- Ако држите диети и внимателно ги броите калориите треба да знаете дека протеините се исклучително ефикасни во процесот на согорување на маснотиите без притоа да страдаат мускулите.
- Експертите препорачуваат внесување од 1,7 до 2,4 грама протеини на ден на килограм телесна тежина. Придржувајте се кој горната граница доколку сте физички активна личност, а на долната, доколку сакате да го намалите вишокот на килограми. Доколку и двата услова се во игра, изнајдете ја средината - околу 130 грама за тежина од 63 килограми.
- Појадокот на база на протеини може да го регулира апетитот во текот на целиот ден. Ако консумирате 30 грама протеини за појадок (две јајца и парче сирење) ќе спречите организмот по целовечерната работа на празно да започне да ја користи мускулната маса како гориво.
- Најдобрите борци за рамен стомак се белото пилешко или мисиркино месо без кожа, морски плодови, нискомаслените млечни производи, свинската кртина и посното говедско месо.
.gif)






















.gif)























