
Некои компирот го фалат на сиот глас, додека пак некои макробиотичари говорат за неговата токсична состојка, соланин.
Компирот како секогаш да е во центарот на полемиката. Шпанија и Англија се борат за заслугата на донесувањето на компирот во Европа од Перу, каде го одгледувале Инките.
Но вистинската заслуга сепак припаѓа на Франција, односно на еден француски агроном кој го пробал компирот за време на неговиот престој во еден затвор и потоа го предложил овој продукт со хранливи својства во кралскиот двор пред Луј 16-ти.
После 3 века се уште има полемики околу ова.
Некои компирот го фалат на сиот глас, додека пак некои макробиотичари говорат за неговата токсична состојка, соланин.
Состав и полезно дејство
Компирот има ниско калоричен вид на скроб, а 100 грама компир содржи 80 калории, наспроти лебот кој содржи 250 калории.
Хранлив и лесно сварлив, особено ако се пече во рерна без зачини, компирот е дозволен за дијабетичари и помага во борбата против дебелината.
Во народната медицина заедно со чајот и оризот се употребува во случаите кога строго треба да се избегнува претерано оптоварување на системот за варење.
Компирот исто така има смирувачки и исцелителни својства за желудникот, ги подобрува цревните функции и може да помогне во надополнувањето на изгубените соли при пролив.
Високиот процент на калиум допринесува во регулирање на артерискиот притисок, додека витаминот Ц помага во јакнење на природниот одбранбен систем.
Најздрав начин на подготовка:
Од бројните начини на приготвување на компирот, оној кој најдобро ги чува состојките и својствата е во рерна, 40 минути во веќе загреана рерна на 200 степени, со кора, нормално добро измиена. За да биде поздрав, наместо да се здружи со други скробни и протеински намирници може да се полие со неколку капки маслиново масло. Одлично иде со свеж зеленчук.
Посебно внимание заслужува сокот кој се цеди од свеж компир, помешан со сок од морков или лимон за подобар вкус, кој лечи дијабетес, гастритис, чиреви, болести на јетрата и камени, хемороиди и слично.
Внимание!
Не консумирајте компир со зелена боја. Не е здраво. Соланинот тогаш влегува под неговата кора.
Совет плус против дебелина:
Треба да се навикнете на често земање храна, а на вечер на еден единствен оброк, кој се состои од 150 грама сирење и неколку компири печени во рерна со кора.gif)






















.gif)























