
Луѓето, кои користат еден или два изговора за да го прекршат здравиот начин на исхрана, имаат 76 проценти помала шанса да ослабат.
Нерасположени сте, а и оваа ваша диета заврши безуспешно? Прочитајте ги советите на истражувачите. Ќе се изненадите од ефектот!
- Луѓето, кои користат еден или два изговора за да го прекршат здравиот начин на исхрана, имаат 76 проценти помала шанса да ослабат од луѓето, кои си пронашле своја диета базирана на здрав начин на исхрана и притоа ја приспособуваат на ситуациите.
- Скратувањето на калориите предизвикува нивото на серотонин (хормонот за среќа) драстично да опадне, па вие се чувствувате лошо расположени, раздразливи и кавгаџиски расположени. Флуктуациите на шеќерот во крвта ве прави раздразливи според Бостонскиот медицински центар. Според истражувањата треба да внесувате омега 3-масни киселини бидејќи тие помагаат во борбата против депресија и ја забавуваат дигестијата, што ви овозможува да останете подолго сити.
- Цените на здравата, хранлива и диетална храна, како што се интегралните житни зрна и немасното месо пораснале за речиси 30 проценти, за разлика од цените на слатките и безалкохолните пијалаци кои пораснале за само 15 проценти, според универзитетот во Вашингтон.
- Дури 41 процент од жените, како причина зошто не се хранат поздраво, навеле дека немаат доволно време, а 40 проценти од луѓето, кои изгубиле значајно количество тежина, однапред ги планирале своите неделни оброци.
- Група испитаници со вишок килограми биле замолени да направат неколку мали животни промени: редовно појадување, консумирање зеленчук по желба со секој оброк и гледање телевизија колку што вежбале тој ден. Тие во просек изгубиле околу 4 килограми за само 2 недели.
Значи променете го режимот на исхрана комплетно, но без некои строги правила.
Значи внесувајте лосос, маслиново масло и ленено семе за добро расположение.
Значи дека се повеќе луѓе држат диети или се придржуваат кон здрав режим на исхрана.
Значи клучот за успешна диета е предвременото планирање.
Значи клуч за успешна диета не се екстремните режими, туку малите промени со кои нема да морате да се откажете од секое задоволство во исхраната.
.gif)






















.gif)























