
Оцетот од диви јаболка ги содржи сите корисни својства како и дивото јаболко.
Уште од најстари времиња оцетот од диви јаболка бил ценет поради неговиот интензивен вкус и лековити својства, денес можете слободно по читањето на овој текст да појдете во најблискиот маркет и да купите еден, телото ќе ви биде благодарно.
Хипократ, таткото на медицината, ги лечел своите пациенти со оцет од диви јаболка поради неговите силно изразени прочистувачки, исцелителни и антибактериски својства.
Секојдневната употреба на оцет од диви јаболка може да биде олеснителен фактор за многу заболувања. Помага при дијареа и стомачни нарушувања како и при бубрежни и заболувања на мочниот меур.
Полезни дејства:
Зајакнување на имунолошкиот систем,
Дејствува како антисептик и антибиотик,
Губење во тежина и намалување на апетитот,
Подобрено варење и метаболизам,
Одржување на здрава кожа,
Подобрена циркулација и детоксикација на телото,
Ублажување на болки во зглобовите и при воспалени мускули,
Олеснување на артритис,
Намалување на висок крвен притисок,
Го стимулира процесот на мислење и го забавува стареењето.
Оцетот од диви јаболка ги содржи сите корисни својства како и дивото јаболко, но шеќерот кој го содржи јаболкото се претвора во оцетна киселина.
Рецепт за слабеење:
Дебелеењето кај луѓето настанува поради внесување на повеќе енергија од вистинските потреби на организмот. Дебелината е сериозен и комплициран здравствен проблем.
Ако сакате да изгубите тежина земајте 3 пати дневно по 2 лажици јаболков оцет растворен во чаша вода со една лажица мед. За губење на 2 до 3 килограми месечно, неопходно е јаболковиот оцет да се зема редовно проследено со физички активности како брзо одење или трчање.
.gif)






















.gif)























