
Кога сме радосни се препорачува овошје и зеленчук, односно во најздравата состојба јадете и најздрави производи.
Вашата насмевка или солзи во врска со храната! Сте помислиле ли некогаш на вакво нешто? Оваа интересна идеја е разработена во книгата „Невронутриционизам – исхрана според емоциите“ на авторот Санди Крстиниќ.
За разлика од останатите веќе видени и досадни поделби на храната според бројот на калории, тука продуктите се поделени според својот ефект при појавата на специфичните емоции, како поттикнување на агресивни расположенија, пребродување тага и слично. Ова е продолжение на доктрините на Хипократ и Аристотел, кои пред повеќе од илјада години ги поставиле темелите.
Не е доволно само да се препорачаат витамини и минерали, а телото да се гледа само како група од разни хемиски елементи, туку треба да се обрне внимание на нашата душа, емоциите и чувствата, што прават да се смееме или плачеме.
Хипократ пред 2.500 години ги поделил луѓето на 4 карактери, а денес современата психологија ги дели човековите емоции на среќа, тага, лутина и мачнина.
Лутина
Во лутина нашиот организам има повеќе норадреналин и со храната врз база на млеко и млечни производи како јогурт и сирење, ние влијаеме за гаснење на негативните емоции на лутина. Ваквата исхрана на мозокот му помага при синтезата на супстанции кои имаат дејство врз блокирањето на мозочните активности, што доведува до смирување.
Тага
За чувството на тага се препорачува храна која може да го поттикне серотонинот во мозокот, а тоа се житни растенија и слатки. Тие може да се наречат тагофилни производи бидејќи по нив се посегнува во состојби на тага и инстинктивно, а притоа не сме ни свесни дека своето тажно расположение го лекуваме со земање слатки.
Мачнина
Во состојба на мачнина или безволност се препорачува риба и месо. Тука треба да се даде предност на белото месо како пилешко, јагнешко, мискиркино и телешко, бидејќи овие производи имаат особина да ја намалуваат и мачнината. На врвот е рибата, која има ефект на враќање на позитивните емоции, а има функција и на зачувување на проодноста на крвните садови, благодарејќи на омега 3-масните киселини.
Среќа
Кога сме радосни се препорачува овошје и зеленчук, односно во најздравата состојба јадете и најздрави производи.
.gif)






















.gif)























