
Редовната употреба на витаминот Ц: Ја подобрува работата на крвните садови и срцето.
Сигурно и вам ви е познат витаминот Ц. Потребите на организмот од него се големи и затоа се препорачува за време на стресни состојби и инфекции.
Во продолжение ви даваме листа во кои продукти тој се содржи најмногу, но не заборавајте дека од овенатото овошје и зеленчук, како и варено или конзервирано, витаминот Ц потполно исчезнува.
Извори на природен витамин Ц:
Зеленчук и салати: црвена зелка, спанаќ, кромид, пиперки, компир, роквици, домати.
Овошје и зачини: рибизли, лимони, мандарини, портокали, цитрони, шипки (најмногу), миродии, естрагон, магданос, рен.
Како и: мед, алги, полен, млеч.
Редовната употреба на витаминот Ц:
Ја подобрува работата на крвните садови и срцето
Заштитува од скорбут
Заштитува од отрови кои се наоѓаат во димот од цигарите
Ја зголемува активноста на надбубрежната жлезда (одбрана од болести)
Учествува во создавање на прогестеронот
Ја подобрува оксидацијата и снабдувањето со олиго-елементите
Недостаток на витамин Ц предизвикува:
Паѓање на забите
Целулит
Различни крварења
Реуматизам
Слабост на мускулите
Проблеми со надбубрежната жлезда
Интересни факти:
Витаминот Ц бил изолиран во 1930 година, а во 1934 година била произведена синтетска форма на витаминот Ц.
На сите животни им е потребен витамин Ц, но некои од нив можат сами да го синтетизираат. Луѓето заедно со мајмуните, и некои другу животни ја имаат изгубено таа способност.
Предозирање со витамин Ц може да предизвика наузеа, дијареа, грчеви во стомакот, осип на кожата, и зголемено мокрење.
Високи дози на витамин Ц можат да дадат лажно позитивни резултати во тестовите за дијабет.
.gif)






















.gif)























