
Дури 36 проценти од составот на сувата морска алга го сочинуваат минерални елементи од морето како натриум, калциум, калиум...
Иако морските алги се редовно застапени во исхраната на многу луѓе, тие се се уште енигма. Навистина штета, бидејќи зеленчукот од морското дно лесно може да стане нераздвоен дел од вашата стратегија за добро здравје и долг живот. Само ако одлучите да дознаете нешто повеќе за нив.
Богати со минерали
Дури 36 проценти од составот на сувата морска алга го сочинуваат минерални елементи од морето како натриум, калциум, калиум, магнезиум, хлор, сулфур итн. Тие се познати како примарен извор на јод, а најбогати со овој минерал се кафеавите алги. Многу луѓе страдаат од проблеми со тироидната жлезда поради мала концентрација на јод во растителната храна и храната од животинско потекло.
Од неколкуте витамини во алгите, најважен е Б12, кој многу ретко се наоѓа во земните растенија.
Антитоксична моќ
Многу интересна особина на алгите е нивната антитоксична моќ. Нашите организми се постојано изложени на радијација и на тешки метали, а алгите го заштитуваат нашиот организам од нив со специјалната компонента која ја содржат и која се врзува со тешките метали во гастроинтестиналниот тракт и формира нерастворлива материја која се исфрла преку анусот.
Истражувања:
Едно испитување има покажано дека исхраната која вклучува морски алги го намалува нивото на половиот хормон естрадиол (форма на естроген), а тоа ги зголемува надежите дека и ризикот од заболувања од типот на рак на градите ќе се намали.
Големо откритие за лековитоста на морските лаги е и дека жените што страдаат од ендометриоза и менструални неправилности имаат големо подобрување на симптомите по три месечна секојдневна суплементација со капсули од морски алги.
Нутритивните испитувања изолирале компоненти од морските алги кои имаат улога во намалувањето на крвниот притисок, кои заштитуваат од артериосклероза и до тумори. Морските алги се познати по своето против-воспалително дејство и докажано е дека помагаат при лечење на кожни болести како егзема и псоријаза.
Во многу лабораториски испитувања е покажано дека морските алги се способни да ги уништат клетките на рак кај експерименталните животни, но испитувањата се се уште во тек.
.gif)






















.gif)























