
Ако појадувате, со текот на времето ќе го забрзате метаболизмот за 10 проценти.
Таа јаде бурек во 5 часот наутро, тост за појадок, а хамбургер за вечера... Сигурно некогаш сте ја погледнале со завист неа и нејзината вита фигура. Кои се причините за вашето константно зголемување на тежината? Тајната на ова е во брзиот метаболизам, затоа време е да поработите на својот.
- Пијте вода дури и кога не чувствувате потреба за тоа. Внесувањето минимум 2 литри вода дневно ќе направи чуда за вашата коса и кожа.
- Јадете малку и често. Малите, но чести оброци ќе му помогнат на вашиот метаболизам да остане во поголема брзина. Преголема пауза помеѓу оброците го забавува бидејќи телото настојува да го надомести недостатокот на горивото што му е потребно за нормално да функционира. Но ваквиот начин на исхрана нема да дејствува на кратки патеки, туку само ако стане ваш начин на исхрана.
- Не прегладнувајте. Кога не јадете метаболизмот го фаќа паника, па се забавува сакајќи да ја заштеди секоја калорија.
- Ако појадувате, со текот на времето ќе го забрзате метаболизмот за 10 проценти.
- Отпуштете се бидејќи изложеноста на стрес може да предизвика зголемување на телесната тежина. Физичкиот и емоционалниот стрес го активираат испуштањето на кортизолот кој го забавува метаболизмот. Затоа дишете длабоко, останете смирени и опуштете се после стресниот ден.
- Консумирајте зелен чај, бидејќи тој содржи флавоноиди кои можат да влијаат врз потребите на организмот за согорување на калории. Оваа состојка ја забрзува работата на вашиот мозок и нервниот систем поради што телото троши повеќе калории.
- Снабдете се со магнезиум и со витамин Б. Витаминот Б е клучен за производство на енергија и за искористување на јаглеродните хидрати, на мастите и на протеините, а магнезиумот се употребува во над 300 хемиски реакции кои се одвиваат во телото вклучувајќи го и метаболизмот. Недоволното количество на витамините Б6, Б12 и фолна киселина може да предизвика умор и депресија и да го забават метаболизмот.
.gif)






















.gif)























