
Овошје јадете, но не ореви, бадеми, банани, грозје и кикирики.
Појадувајте лесно, а за ручек или вечера еве листа на предлог продукти кои смеете, а кои е строго забрането да ги консумирате. Откако ќе се навикнете на здрав режим на исхрана ќе се чувствувате поубаво, а ќе изгубите и килограми.
Ручек или вечера:
Изоставете ги потполно чорбите и супите, а особено ако содржат маст и брашно. Рибата може да се јаде само варена, зачинета со лимон или малку путер. Не јадете мрсна риба како шаран, сом, јагула и слично.
Можете да ја јадете кртината од месото освен од свинско, овчо, гускино и шаткино. Месото пожелно е да го печете на жар. Колбаси, џигери, паштети и сушено месо може да јадете.
Особено се забранети сосовите. Од зеленчукот не се препорачува компири, грашок, грав, соја и моркови.
Избегнувајте и брашнести јадења и тестенини, а ако не можете да се откажете од нив тогаш во мали количини. Шеќерот заменете го со сахарин.
Смеете да консумирате посни сирења, додека масните не смеат да се јадат како и млеко, павлака, путер и кајмак.
Овошје јадете, но не банани, грозје, ореви, бадеми,и кикирики. Избегнувајте или ако можете потполно изоставете ги пецивата и лебот.
Консумирајте вода и благи чаеви. Алкохолот е потполно забранет.
Совет плус: Пригответе си бања за слабеење
Во водата во која се бањате ставете 150 грама сода бикарбона, 150 грама морска сол и лаванда. Задржете се во водата околу 20-30 минути, а потоа завиткајте се во ќебе или некоја друга ткаенина и одмарајте 15 минути.
При ова може да користите и четка со која ќе вршите масажа на целото тело. Масажата започнете ја од нозете во вид на кругови нагоре. Стомакот и градите тријте ги исклучиво кружно и тоа нагоре.
.gif)






















.gif)























