42-18608731Праз, зеленчук за девојки!?
Чистач на организмот што го забрзува варењето на храната, а го штити срцето!
plavusa_kaj_doktorkaГабични инфекции
Кој е предизвикувач на габичните инфекции?
nadvorslikaОд што се плашите?
Проверете дали страдате од некоја од 6-те најчести фобии?
se_soncaВитамин Д
Зошто се препорачува во комбинација со млеко?

Ледени пијалаци во летните горештини

leden1

Изборете се со горештините преку консумирање на ладна вода, млеко, јогурт, природни сокови од овошје и зеленчук, а колку што можете избегнувајте ги газираните пијалаци.

После само пола часовна прошетка по сонцето чувствувате како вашето тело на сет глас очајнички бара некоја течност за да се освежи.

Изборете се со горештините преку консумирање на ладна вода, млеко, јогурт, природни сокови од овошје и зеленчук, а колку што можете избегнувајте ги газираните пијалаци. Газираните пијалаци знаат да бидат вистинско освежително задоволство, но истовремено може да зададат опасен удар на вашиот имунитет.

Од друга страна пак, чаша ладна вода позитивно влијае на циркулацијата, а совршена комбинација за опуштање би било кратка прошетка на свеж воздух во вечерните часови и чаша ладна вода. Дополнителна добра вест е што водата не содржи ниту една калорија, а со неа ќе ги надоместите изгубените течности од потењето. Таа е еден од триковите за забрзување на метаболизмот.

Пијалаците се неизоставен дел од вашето летно мени, а во продолжение следат неколку трикови и совети во врска со нив.

Трикови:

Свежината и вкусот на отвореното шише газирана минерална вода можете да го сочувате, ако во шишето ставите лажичка со дршката завртена надолу.

Водата во шишето која ја носите на излет нема да се загрее ако ја обвиткате во мокра ткаенина.

Белото вино е повкусно ако е разладено, додека црното не треба никогаш да се лади.

Меленото кафе држете го во лимена кутија каде на дното имате ставено малку шеќер во прав.

Мелницата за кафе полесно ќе се исчисти ако после употребата сомелете малку ориз.

Бајатото пржено кафе ќе ја поврати својата свежина ако повторно малку го пропржите и ставите малку ситен шеќер.

Вкусот на прженото кафе многу зависи од тоа како е мелено кафето. Кафето што е поситно мелено тоа е повкусно, затоа што водата подобро го впива поситно мелено. Највкусно кафе се добива со мелење на домашен рачен млин со остри крилца. Кога кафето е крупно мелено и покрај тоа што се пече ја губи својата арома.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?