
Едно јаболко на ден, може да го регулира зголемувањето на телесната тежина, според студијата на Penn State University.
Време е вашата кујна да ја подновите со продукти, кои можеби досега и не сте ги консумирале редовно. После овој текст и резултатите од сите испитувања во нивна корист сигурно ќе го промените вашето мислење. Намалете ги килограмите со помош на овие 5 продукти.
ЈАБОЛКA
Едно јаболко на ден, може да го регулира зголемувањето на телесната тежина, според студијата на Penn State University. Луѓето кои јадат јаболко пред оброкот со тестенини јадат помалку калории вкупно. Антиоксидантите во јаболката можат да ја спречат состојбата на таложење на маснотиите околу вашата половина и добивањето на т.н „форма на јаболко“ на телото.
ЦИМЕТ
Се во врска со овој зачин е одлично. Само половина лажичка дневно помага во контролирањето на шеќерот во крвта и да се согоруваат калориите, наместо да се таложат на телото. Со циметот можете да додадете вкус на вашите јадења и да ја намалите употребата на штетниот шеќер.
БАДЕМИ
Бадемите помагаат во одржувањето шеќерот во крвта стабилен. Една студија на University of Toronto покажа дека луѓето кои јаделе бадеми со парчето бел леб имале постабилно ниво од оние кои јаделе само парче леб. Можете да јадете бадеми или пак путер од бадеми.
КАРФИОЛ
Карфиолот е богат со витамин Ц, а и е докажан борец против ракот и холестеролот. Тој може да го користите како одлична замена за потешките јадења. Обидете се да го користите како гарнир со сендвичите и хамбургерите или пак направете супа од него.
КАФЕ
Кофеинот во кафето може да ви го забрза метаболизмот за 15 проценти и ефектот да трае 4 часа, а ова значи 30 до 50 согорени калории. Луѓето кои често консумираат кафе се помалку склони кон дијабетес тип 2.
.gif)






















.gif)























