
Атлетите кои пијат џус со антоцијани во деновите пред и по вежбањето имаат помалку мускулен замор и болка од воспаленија.
Свеќичките на вашата торта од година во година создаваат се поголем пламен, но и брчките на вашето чело, без разлика дали од лутина или смеење, се множат. Фонтаната на младоста се уште не е пронајдена, но затоа пак дарот од природата, овошјето, може да ви помогне да го забавите процесот на стареење.
Во продолжение информирајте се кое овошје како делува врз вашето тело со состојките што ги содржи.
Витамин Ц
Борете се против ракот и брчките!
Начин на делување: Витаминот Ц е поврзан со помал ризик од рак на белите дробови и други видови рак. Исто така помага во производството на колаген и со тоа вашата кожа и лице изгледаат поздраво, вели експертот Katherine Brooking.
Го има во: дињи, киви, портокали, папаја, ананас и јагоди.
Калиум
Заштитете го вашето срце!
Начин на делување: Натриумот е познат како засилувач на крвниот притисок, а калиумот пак помага во неговото смирување со поттикнување на бубрезите да ослободат повеќе натриум од вашиот систем, според експертот Mark Houston.
Го има во: банани, дињи, манго, папаја, портокали, праски.
Влакна и вода
Сопрете го варирањето на тежината!
Начин на делување: И влакната и водата ве држат полни подолго врме и помалку ви се јавуваат желби да грицкате нешто. Тоа ви помага во одржувањето на тежината, што е основа за здравото стареење. Варирањето со килограмите носи ризик од дијабетес и други хронични состојби.
Ги има во: јаболки, банани, капини, боровинки, круши, портокали, јагоди.
Антоцијани
Бидете витални подолго!
Начин на делување: Атлетите кои пијат џус со антоцијани во деновите пред и по вежбањето имаат помалку мускулен замор и болка од воспаленија. Среќните мускули денес, се подготвени за повеќе слатки активности во иднината, што е клуч на долгиот живот.Ги има во: боровинки, цреши, капини.
Полифеноли
Одржете го остар умот!
Начин на делување: Овие органски хемикалии може да го подобрат вашиот мозок и моторната функција , најверојатно со намалување на стресот кој предизвикува побрзо стареење на вашите когнитивни способности.
Ги има во: јаболка, боровинки, грозје, сливи, малини, јагоди.
.gif)






















.gif)























