
Одењето во маркет, готвењето на предјадење, главно јадење и десерт, и сервирањето се идеална активност за да изгубите калории.
До годишниот одмор на вашата омилена дестинација или до свадбата на вашата пријателка ве делат само месец и половина. Си го одбравте костимот за капење и имате идеја за фустанот за свадба,но се уште не знаете каде да го најдете решението за вашата не така идеална фигура.
Признајте дека посакувате сите да ги импресионирате со вашиот нов изглед кој подразбира и идеална фигура, затоа концентрирајте се секојдневните навики во исхраната и само напред кон целта.
Кога секојдневно би губеле по 500 калории, тоа истовремено значи и 1 килограм помалку од вашата телесна маса неделно.
Еве кои трикови ги предлагаат експертите за да изгубите 5 килограми за 5 недели:
Сменете го приборот за јадење
Ова се однесува на чиниите за јадење. Заменете ги старите чинии со дијаметар од 30 см со нови, со помал дијаметар. Истражувањата покажале дека на тој начин ќе сервирате за 20 – 25 % помалку храна на еден оброк , а тоа значи и околу 500 калории дневно помалку.
Не јадете пред телевизор
Истражувањата од универзитетот во Масачусетс покажале дека гледајќи го омиленото шоу или серија, ќе изедете многу повеќе од вообичаеното, затоа што мозокот е сконцентриран на програмата и нема да го пренесе сигналот за заситеност. Оваа секојдневна навика ќе ве чини околу 288 калории повеќе за вашиот организам и неколку килограми плус кои ќе ви пречат ја купите облеката која ви се допаѓа.
Јадете во мало друштво
Најдобро е бројот на луѓе кои појадуваат со вас да го ограничите на максимум 7 лица. Големото друштво може да ви го одвлече вниманието и ќе заборавите на ситоста. Исто така, нема да можете да одолеете,а да не пробате нешто за кое пријателите тврдат дека е многу вкусно. Потрошете многу калории, јадејќи само со партнерот!
Бидете домаќинка
Одењето во маркет, готвењето на предјадење, главно јадење и десерт, и сервирањето се идеална активност за да изгубите калории, кои подоцна, за време на ручекот повторно ќе ги соберете, но во помали количини.
Веќе знаете дека домашната храна е со пониска калоричност. Парчето домашна пита содржи 300 калории, додека пак парче колач од ресторан содржи тројно повеќе калории. За добро завршената работа околу ручекот, послужете се со чаша шампањско, но не занемарувајте ги неговите 150 калории. По ручекот или вечерата прошетајте мечтаејќи за новиот фустан или костим за капење.
Движете се
Колку и да ви изгледа излитен овој совет е задолжителен придружник на секоја диета или начин на исхрана. Корисна идеја за вашата фигура е да се движите додека разговарате на телефон или искачувајќи се до канцеларијата да прескокнувате по 2 скали.
Овие секојдневни совети, како и здравиот режим со диетална исхрана ќе ви овозможат да ја имате фигурата од соништата!
.gif)






















.gif)























