
Од зеленчукот не се препорачуваат морковите, цвеклото, компирот и гравот.
Сакате да слабеете притоа јадејќи колку сакате и кога сакате. Ова им успеа на 5 милиони Французи со помош на диетата на познатиот француски нутриционист Pierre Dukan.
Оваа диета ја користеа и Jennifer Lopez, Panelope Kruz и Gisele Bundchen, на чија фигура завидуваат речиси сите жени во светот.
Основно правило на диетата е дека имате на располагање 100 дозволени продукти од кои 80 вида природни белковини, односно протеини и 20 вида на зеленчук. Доволно, за си дозволите разновидна исхрана секој ден.
Избегнете ги незадоволствата со прекумерната тежина и потребата секојдневно да застанувате на вага, затоа што килограмите ќе исчезнуваат повеќе од забележително.
Следете ги следниве 4 етапи.
1. Првата етапа
Mоже да трае од 2 дена до 2 недели. Во овој период најважно е да ги „нападнете“ мастите во организмот, а тоа ќе го направите со помош на продуктите богати со природни белковини.
Откажете се од чоколадите, колачите и се што подразбира бел шеќер, затоа што тие содржат јаглехидрати кои само за неколку моменти се наложуваат на критичните места, како што се бедрата и стомакот.
Дозволено е да консумирате немасно месо (телешко, говедско и пилешко), јајца, сите видови на риба и зеленчукови супи, морски плодови, кафе и чај без шеќер.
За најдобри резултати се препорачува барем по 1 -2 лажички овесни снегулки прелиени со топла вода или мала чинија овесна каша.
Бидејќи белковините имаат дехидрирачки ефект врз организмот задолжително е внесувањето на 1-5 до 2 литри вода на ден.
2. Втората етапа
Ги подразбира сите продукти од претходната етапа, плус зеленчук.
Дозволени се домати, краставици, зелка, спанаќ, печурки и се останато, а одбегнувајте ги морковите, цвеклото, компирот и гравот.
Бидејќи во оваа етапа се губи по 1 килограм неделно, времето ќе го продолжувате во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите.
Во првите две етапи од диетата не се препорачува активно занимавање со спорт, но добредојдени ќе ви бидат секојдневните прошетки и качувањето по скали.
3. Третата етапа
Има за цел да го навикне организмот на балансираната исхрана и на новата телесна маса.
Секојдневно јадете продукти богати со белковини, зеленчук (значи се повторуваат првата и втората етапа), плус леб од несомелени зрна и задолжително по 2 парчиња свежо овошје, со исклучок на бананите, грозјето и вишните.
4.Четвртата етапа
Во оваа етапа повторно внесувајте овесни снегулки, но во поголема количина бидејќи се пресудни за регулирање на тежината.
Во тоа ќе ви помогнат протеинските продукти кои ќе ги внесувате во рамномерни количини секој ден.
За подобри резултати се препорачува земање по една мултивитаминска таблетка со минерали. Со помош на оваа диета ќе имате добар изглед, со добра храна во секојдневието.
.gif)






















.gif)























