
Исхраната која изобилува со растенија е пат до подолг, поздрав живот.
Можеби и вие размислувате дали да станете вегетаријанец? Тоа не ви е гаранција дека ќе се храните поздраво, но ако направите некои паметни избори, можете да го намалите ризикот од болести и да изгубите килограми во процесот.
Следете го овој водич зошто да го сторите тоа:
Кога последен пат сте слушнале на телевизија, да ве советуваат да јадете повеќе месо за да ги избегнете болестите? Најверојатно никогаш!
Всушност многу студии покажуваат дека вистината е спротивна: Исхраната која изобилува со растенија е пат до подолг, поздрав живот.
За поздрав организам!
Според едно неодамнешно истражување во Boston е потврдено дека замената барем на дел од црвеното месо во исхраната со протеини од растителни извори го намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и рак на дебелото црево.
Вегетаријанците имаа помала просечна маса. И ако ве воодушеви овој факт, сепак треба да запомните дека присвојувањето на вегетаријанската диета не е магична пилула. Сигурно е дека со намалување на месото ќе им направите услуга на артериите, но тоа не значи дека и обожавателите на месо не може да бидат витки, со здраво срце и долг животен век.
Исто така вегетаријанската диета нема да ги отстрани вашите лоши навики како што е не вежбањето на пример. Но ако направите таква комбинација, очекувајте подобро тело во блиска иднина.
Диетите базирани на овошје и зеленчук (како медитеранската диета), нормално е дека му годат на организмот, но и невнесувањето на месо му недостига на организмот. Но сепак ќе се задржиме на позитивните страни на вегетаријанската диета, затоа што сепак се во многу поголем број.
Предности:
Намаленото внесување на црвено месо, носи и намален холестерол и нормално намален ризик за срцеви заболувања, дијабетес, рак на дебелото црево и, кај помладите жени, рак на дојката.
Состојките против стареење во светот најчесто се пронаоѓани во храна од земјата. Антиоксидантите ги поправаат оштетените клетки, па и оттука имаме помал ризик за срцеви заболувања и рак кај вегетаријанците. Оваа диета има и позитивен ефект врз ваша кожа.
Не само што намалувате на внесувањето на животински маснотии во телото туку и најверојатно високо калоричната храна ја заменувате со ниско калорична што оди во полза на вашата витка линија.
.gif)






















.gif)























