pie_voda_so_krpa_na_glavaНеверојатната моќ на водата
Водата е извор на животот и го штити телото, убавината и нашиот имунитет.
joga1_copy3 јога пози против целулит и стрес
Потребни ви се по 20 минути, 4 пати неделно за се пофалите со вашето затегнато и еластично тело.
izgladnuvanjeИ калориите го забрзуваат метаболизмот!
Дали редуцирањето на калориите може да го забави метаболизмот?
bub54 мали задоволства за себе и здравјето
Гумата за џвакање ја подобрува будноста, според студијата на Coventry University.

Колку дена ќе одвоите за диета?

diatagol

Викендот е идеален за диета која ќе ви помогне за детоксификација на организмот.

Пред да одлучите да го доведете телото во посакуваната идеална форма, треба да размислите за времето кое сте подготвени да го одвоите за таа цел. Колку долго ќе можете да се одолеете на слатките задоволства кои постојано ве мамат и колку ќе жртвувате, ако ја одбиете поканата за вечера во омилениот ресторан токму од партнерот.

Растргнати меѓу секојдневните искушенија и желбата за неколку килограми минус, овие совети ќе ви бидат добредојдени за да почнете диета онолку дена колку што сметате дека сте подготвени!

Тридневна диета

Овој начин на исхрана всушност е чистење на организмот од сите штетни остатоци од храната кои може да бидат во вид на масти и кои, како последица на бавниот метаболизам, може да се наталожат во вид на вишок килограми.

Викендот е идеален за диета која ќе ви помогне за детоксификација на организмот. Оваа диета нека се состои од еден вид на овошје или зеленчук и еден вид на продукт богат со белковини, на пример млечен производ.

Одлучете се за јаболка и по еден литар јогурт на ден, а за да го забрзате топењето на килограмите, наутро, пијте по една чаша млака вода.

Еднонеделна диета

Оваа диета подразбира консумирање на овошје и зеленчук во неограничени количини и приготвени житарки. Нутриционистите посебно ја нагласуваат потребата од внесување на доволно количество вода при исхраната со житарки.

Диетата со јогурт со ниска масленост, исто така е идеална за овој временски период и подразбира секојдневно консумирање на јогурт, плус по еден продукт богат со белковини, на пример едно јајце, 200 грама варено месо или 300 грама риба.

Седумдневна диета

Оваа диета може да ви помогне да изгубите од 3-4 килограми за недела.

Како основно јадење за овој диетален режим изберете зеленчукова супа. Овој рецепт е идеален за вашата петдневна диета : сварете супа од исечкан свеж кромид, домати, зелка и еден мал компир. Додадете зачини како магданос и целер. Варете ја супата до вриење и потоа оставете ја уште 10 минути на тивок оган.

Во исхраната додадете свежо овошје, освен банани, свеж или конзервиран зеленчук со зелена боја, варен ориз, немасно месо и минерална вода.

Тринеделна диета

За оваа диета уште позната како англиска, која трае 21 ден треба да се вооружите со упорност и силна желба да го издржите строгиот режим на исхрана. Најважно е диетата да ја поделите на неколку етапи, односно денови кога ќе јадете само овошје, потоа само зеленчук и денови на белковини, но во ограничени количини.

Диетата треба да ја започнете со два или три „гладни“ денови , односно денови кога ќе внесувате само течности и тоа минерална вода, цедени сокови, свежи чаеви и кафе.

И не заборавајте пред да се одлучите за било која диета, за да не ја изгубите волјата уште првиот ден, сонувајте за крајниот резултат! Замислувајте го вашиот одраз во огледало - идеална фигура, нов фустан и заборав за вишокот килограми.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?