
Кога веќе се почестивте со кесичка чипс, не си префрлајте подоцна! На секого му е потребно тоа од време навреме.
Веќе не ви се потребни ниту диети, ниту откажувања од храна. Прифатете го фактот дека жените доаѓаат во сите големини и појадувајте, ручајте и вечерајте без грижа на совеста.
Еве како да постанете и вие среќен „јадач“:
Држете помалку диети...
Среќните јадачи имаат многу помалку започнати диети до 20 годишна возраст. Ако започнете рано со диети тоа е многу веројатно да ви стане стил на живот. Подобро е да се залагате за здрав режим на живеење, наместо да се измачувате со диети!
| 18 години се премалку за започнување со диети |
Појадувајте, ручајте и вечерајте...
Практикувајте ги трите оброка на ден, но секој од нив нека ви биде ритуал. Изгаснете го телевизорот, пуштете музика, поставете ја масата.
Никогаш не јадете стоејќи на работната маса во кујната и пробајте да не говорите за време на оброкот. Во останатиот дел од денот не мислете на храната и фокусирајте се на други активности.
Користете вага, но не секојдневно…
Сигурна некоја ваша познаничка знае да каже „Застанувањето на вагата ми предвидува каков ќе ми биде денот“. Тоа е огромна моќ за една мала бројка. Треба да запомните дека тежината варира дневно и застанувањето на вага секое утро не ви ја дава точната маса.
Уживајте во грицкањето, без каење...
Кога веќе се почестивте со кесичка чипс, не си префрлајте подоцна! Кога ќе посакате да каснете некое колаче, направете го тоа без да се прекорувате подоцна. На секого му е потребно тоа од време навреме.
Дозволете си уживање за време на празниците или парчето торта залејте го со чаша вино понекогаш.
NotForMen препорака: 4 мали задоволства за себе и здравјето
Запомнете дека жените доаѓаат во сите големини...
Ако сте една од оние со брз метаболизам, благодарете и на мајката природа и не срамете се кога ќе застанете да се фотографирате со другите мајки на плажата. Без разлика на коментарите на останатите дека не сакаат да бидат на фотографија до толку слаба жена, продолжете си понатаму, па вие не прокоментиравте колку тие тежат или што јадат.
Вежбајте без нервози...
За вежбањето размислувајте како за пат до здраво тело и справување со стресот. Слушајте го вашето тело и одморајте го кога е потребно.
Откако ќе му дадете време на вашето тело да закрепне, тргнете на следното вежбање кое сигурно ќе биде со подобар квалитет.
.gif)






















.gif)























