
Бојата на овошјето и зеленчукот која зависи од пигментот всушност е одговорн за доза на микроелементи.
Повеќе од разбирливо е дека есенското студено време не нуди инспирација за трчање во паркот туку, напротив, е идеално за чинија сендвичи и дружење со телевизорот.
Освен вишокот на килограми, закана претставува и падот на имунолошкиот систем на организмот, особено во периодот на настинки.
Затоа, консумирајте доволно овошје и зеленчук кои освен што ќе се спротивстават на чувството на глад, ќе го надополнат дефицитот на витамнини и минерали во организмот и ќе ги стопат и наталожените масните наслаги.
Продуктите во боја, освен што се грижат за вашето здравје, можат и да ве расположат.
Дознајте повеќе за продуктите и користа од нивната боја за вашето здравје!
Нутриционистите предлагаат диета која ќе се состои од продукти во една боја за цел ден. Бојата на овошјето и зеленчукот која зависи од пигментот всушност е одговорн за доза на микроелементи кои се задолжителни за вашата здрава исхрана.
NotForMen препорака: 3 портокалови продукти за оваа есен
Црвени
Продуктите со црвена боја ќе ви ја овозможат потребната доза на енергија. Тие се препорачуваат при анемија, депресија, хроничен замор и сонливост.
Богати се со:
Ликопен кој го подобрува имунитетот и штити од артеосклероза.
Органски киселнини кои се природен антиоскидант што ги отстранува штетните радикали и ги штити клетките.
Фенол кој го прочистува организмот.
Рибата, како дел од црвената исхрана, треба да биде задолжителен дел од исхраната. Богата е со омега-3 масни киселини, фосфор, калциум, железо, јод.
Портокалови
Продуктите со портокалова боја се добри за циркулацијата на крвта и олеснување на процесот на варење на храната.
Изобилуваат со:
Бета каротин кој ги подобрува видот и состојбата на кожата.
Пектин кој ги отстранува токсините од организмот и ја забразува размената на материи.
Зелени
Продуктите со зелена боја се добри при главоболка, стрес, висок крвен притисок и анемија. Содржат:
Жолти
Продуктите со жолта боја се препорачуваат за закрепнување на нервениот систем и желудникот.
Богати се со:
Витамин А кој е идеален за состојбата на кожата и косата.
Витамнини од групата Б кои се препорачуваат против депресија и безенергичност.
Сини
Продуктите со сина и виолетова боја се препорачуваат при воспалителни процеси, бесоница, проблеми со испукани вени и капилари и при срцеви заболувања.
Цинк кој е одговорен за продукција на тестотеронот и други хормони во организмот.
Антоцианин, антиоксидант кој го намалува нивото на штетниот холестерол.
.gif)





























.gif)























