
Дали знаете дека можете да препознаете илјадници ароми и дека нашиот осет за мирис е илјада пати попрецизен од вкусот?
Дали знаете дека можете да препознаете илјадници ароми и дека нашиот осет за мирис е илјада пати попрецизен од вкусот? Мирисот може да го намали нивото на стрес, да ја подобри менталната и физичката способност и да ја олесни болката.
Во носот имаме милиони рецептори за мирис.
Информациите од носот директно се испраќаат на олфакторниот центар, кои ги примаат и ги анализираат мирисните импулси. Овој дел од мозокот управува со низа сеќавања и емоции, вклучувајќи ги и оние поврзани со исхраната, сексуалната привлечност, стравот, задоволството.
Затоа дознајте зошто да ги почувствувате овие мириси:
МИРИС НА ЗЕЛЕНО ЈАБОЛКО
Ако помирисате зелено јаболко или некој друг драг мирис можете да го потиснете гладот. Овој трик може да ви помогне додека сте на диета и наместо да грицкате, мирисајте.
МИРИС НА ПОРТОКАЛ ИЛИ ЛАВАНДА
Истражувањата покажуваат дека мирисањето на портокал или лаванда смирува многу повеќе отколку другите мириси.
Луѓето поради нив стануваат попозитивни и посмирени.
NotForMen препорака: Моќта на мирисите
МИРИС НА РУЗМАРИН
Мирисот на рузмарин помага при учењето. И класичните писатели го поврзуваат рузмаринот со помнењето.
По вдишувањето масло од рузмарин студентите подобро решавале тест за помнење и имале подобра концентрација отколку оние од контролната група, која не мирисала рузмарин.
МИРИС НА ЛАВАНДА И ПЕПЕРМИНТ
Луѓето што морале да одат на операција на желудник и вдишувале лаванда подоцна барале помалку морфиум и лекови против болки. Затоа ако ве боли главата, вдишете ги овие мириси.
МИРИС ОД ЕТЕРИЧНИ МАСЛА
Студија од Кореја покажа дека жените кои имале масажа со етерични масла за двојно помалку чувствувале менструални болки.
Во база од бадемово масло ставете 2 капки масло од лаванда, 1 капка масло од жалфија и 1 капка масло од ружа. Една недела пред менструацијата секојдневно масирајте го стомакот.
МИРИС НА ГРЕЈПФРУТ
Свежиот мирис на цитрус го подмладува духот. Освен тоа и другите луѓе ќе ви изгледаат помлади и посвежи.
МИРИС НА ЛАВАНДА
Постои причина поради која некои луѓе перницата ја полнат со лаванда.
Истражувањата покажуваат дека лавандата поттикнува подлабок сон. Им помага дури и на луѓето кои страдаат од блага несоница.
.gif)






















.gif)























