
Покрај тоа што се одличен извор на протеини, јајцата се полни со витаминот Б6 кој помага против стресот и со тоа против намаленото либидо.
Вашата спална полека тоне во монотонија, а вие се што правите е внимателно негување во вашата глава на спомените од медениот месец. Порано на календарот требаше да ги заокружувате деновите кога немавте секс со вашиот партнер, а сега ситуацијата е сосема спротивна, а таков ден дури ви наликува на празник.
Време е да престанете да тонете во очајот и да поработите на ситуацијата. Започнете од онаму каде сте најдобри: кујната! Нели патот до него е преку стомакот, па и овој пат нека биде така.
Вметнете ги овие топ 9 поттикнувачи на либидото во вашето мени:
Лосос
Оваа риба е богата со омега-3 масни киселини и ја подобрува циркулацијата, која е основна за подобрување на сексуалната стимулација. Консумирајте 2 или 3 оброка мрсна риба неделно за да ги користите придобивките.
Витамин Ц
Овој моќен антиоксиданс ќе ви ги чува сексуалните органи во одлична состојба со стабилизирање на штетните слободни радикали. Овошната салата нека биде ваша дневна рутина. Овошја богати со витамин Ц се: портокалите, кивите, јагодите и боровинките.
Шафран
Новите истражувања покажаа дека растителните екстракти во зачинот шафран ја размрдуваат изведбата во креветот, подобрувајќи ја еректилната функција и либидо. Иако е скап, ставајте по малку и ќе дојдете до интензивниот вкус и стимулирачката арома. Следниот пат зачинете го со него рижотото!
Остриги
Имате романтичен состанок? Нема да погрешите со остригите! Тие имаат многу цинк, кој ја подобрува спермата и ја подобрува продукцијата на тестостерон. Исто така има и допамин, хормонот кој го буди либидото.
Чоколадо
Иако истражувачите не се убедени дека какаото во чоколадото е поврзано со сексуалната желба, позитивните ефекти од чоколадото се поврзани со фенилетиламинот, состојка која влијае на нивоата на серотонин и ендорфин, двете мозочни хемикалии кои се лачат кога сме заљубени.
NotForMen препорака: Само уште една коцка чоколадо
Време е за полна рака јаткасти плодови, но кои? Запознајте се со уште 4 пријатели на вашето либидо:
.gif)






























.gif)























