
Анксиозноста и срамежливоста прават да јадете кога не сте гладни.
Дали и вас некогаш фрустрирачкиот ден на работа ве фрли во прегратката на виното или лошиот состанок, со сиот натоварен очај по него, ве спријатели со најголемата кантичка сладолед?
Дишете длабоко и помислете дека за стресот има и друго решение. Психолозите ви даваат совети како да се снајдете во овие 5 „очајнички“ сценарија.
СЦЕНАРИО: ПРЕСКОКНАТ ОБРОК
Го прескокнавте претходниот оброк.
„Навистина сум гладна! Бидејќи не појадував, сега се ми е дозволено.“
Ќе изедете два пати повеќе од обично за да надокнадите за прескокнатиот оброк.
Совет: Земете парче овошје или ужина, почекајте 15-20 минути, па тогаш ручајте како и вообичаено.
СЦЕНАРИО: ЗАБАВА
Забава на која не познавате никој.
„Зошто никој не ми зборува? Ќе се позанимавам тука покрај шведската маса.“
Анксиозноста и срамежливоста прават да јадете кога не сте гладни.
Совет: Тргнете се од масата, најдете некој кој стои сам и пристапете му или пак замолете го домаќинот на забавата да ве запознае со некој.
NotForMen препорака: Што да јадете кога сте тажни, уморни или под стрес?
СЦЕНАРИО: РОДЕНДЕН ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА
Роденден во канцеларијата! Можете ли да им кажете не на тие шарени колачи?
„Работев цел ден напорно, заслужувам нешто благо.“
Возбудени сте и среќни и веќе го јадете третото колаче иако пред малку ручавте.
Совет: Поделете колаче со колегата и потоа отворете некоја тема на разговор со омилената колешка за да се дефокусирате од благото.
СЦЕНАРИО: НАПОРЕН РАБОТЕН ДЕН
Имате тековни проблеми на работа.
„Надвор сум од контрола.“
Срцебиењето и бесот прават решението да го барате во излегување со пријателите со јадење и пиење премногу.
Совет: Отидете на трчање или во фитнес центар, потоа изгледајте го омиленото ТВ шоу или прочитајте книга, а дури вечерата излезете на вечера со пријател, но со само еден пијалак.
Имавте лош, навистина лош состанок.
„Никогаш нема да ја пронајдам љубовта на мојот живот.“
Тажни сте и осамени и веднаш се фаќате за чоколадото.
Совет: Наместо да се лечите со чоколадо, јавете и се на вашата најблиска пријателка и лечете се со разговор. Потсетете се ако вложувавте во врската со некој кој не вреди, сега немаше да бидете на нивото на кое што сте поради немањето време да работите на себе.
.gif)






















.gif)























