
Витаминот Ц е еден од најдобрите детокс-витамини затоа што ги преработува токсините во организмот.
Доколку ниските температури и недостатокот на сонце во зимските денови се причина за хроничен замор и лошо расположение време е да го ревитализирате организмот со помош на исхраната.
Погледнете кои продукти се задолжителни за вашето зимско мени со цел да ги задоволните потребите од хранливи материи и да се чувствувате поздраво и поведро!
Овошје
Овошјето е богато со антиоксиданси, хранливи материи, диетски влакна и витамини (Ц).
Антиоксидансите од овошјето помагаат во отстранување на штетните материи кои се натрупуваат во телото како и во неутрализација на слободните радикали кои постојано го напаѓаат телото.
Исто така, содржи и големи количини на вода, што помага во отстранувањето на токсините.
Темно-зелената боја на зеленчукот е одговорна за голем број витамини.
Спанаќот и зелката зготвени на пареа содржат голем број на минерали и витамини кои се неопходни за организмот во зимските денови.
Витаминот Ц е еден од најдобрите детокс-витамини затоа што ги преработува токсините во организмот.
Овие овошја прават чуда кога станува збор за отстранување на токсините од телото и чувањето на здравјето на дигестивниот тракт.
За подобри резултати во утринските часови консумирајте цеден лимон или портокал.
Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои го прочистуваат организмот. Тој содржи и специјален вид на антиоксидант наречен катехин кој ја зголемува функцијата на црниот дроб.
Пробиотиците се незаменливи во одржувањето на нормалата на цревна флора и дигестивниот тракт. Секојдневното внесување на пробиотски јогурт ќе го спречи вознемирувањето на стомакот и цревата.
Колку непријатно да мириса, лукот спаѓа во групата на корисни зеленчуци. Тој го стимулира црниот дроб да создава ензими кои ги отстрануваат токсичните остатоци од дигестивниот тракт.
Храната богата со омега-3 масни киселини штити од кардиоваскуларни заболувања и се грижи за здравјето на крвните садови во телото. Режимот на исхрана со риба и морски плодови го намалуваат ризикот од срцеви заболувања дури за 90% за разлика од оние кои ретко консумирале риба - покажале последните истражувања направени од нутриционистите.
Есенско-зимски плодови
.gif)






























.gif)























