
Jаглените хидрати што се содржат во белиот леб го поттикнуваат производството на хормонот на среќа - серотонин.
Брашно од кое се прави белиот леб може да биде причина за покачено ниво на инсулин во крвта што може да доведе до намалена отпорност на хроничните заболувања.
Ова можеби е една од причините поради кои белиот леб го бие лош глас во севкупната исхрана.
Но италијанските нутриционисти откриле дека неговото консумирање во умерени количини е неопходно за организмот бидејќи го забрзува метаболизмот.
Дознајте повеќе за белиот леб!
- За да го забрзате метаболизмот јадете го за појадок, а за да го снабдите организмот со потребната енергија - околу 16 часот.
- Од сендвичите и белите печива па се до десерите белото брашно е основа на исхраната во западниот свет.
- Мозокот е зависен од лебот бидејќи дава чувство на ситост и енергија. Нутриционистите сметаат дека тоа е затоа што јаглените хидрати го поттикнуваат производството на хормонот на среќа - серотонин.
Го покачува нивото на шеќери
Белиот леб поради високиот гликемиски индекс пребрзо ја ослободува енергијата и на тој начин го зголемува нивото на шеќерот во крвта.
Тоа може да допринесе за настанување на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на малигните заболувања.
Најдобро е да го јадете за појадок бидејќи тогаш ја забрзува работата на метаболизмот.
NotForMen препорака: Покачениот инсулин е штетен за срцето
Голем број на диети и режими на исхрана го ограничуваат внесувањето на јаглените хидрати бидејќи тие го спречуваат телото да ги согорува мастите. Така се пропагира идејата дека лебот е нездрав, дебелее и му штети на организмот.
Научниците тврдат дека јаглените хидрати помагаат при слабеењето.
Всушност, скробот од бананите, оризот, тестото и компирите побрзо ве заситува, го јакне метаболизмот, го подобрува расположението и го забрзува губењето на телесната тежина.
Со замрзнувањето се разложува пченичната структура на лебот што го прави тешко сварлив. Ова е основната причина поради која не е препорачливо да го јадете белиот леб кој претходно бил замрзнат.
Од стариот леб направите лебни трошки кои можете да ги искористите како додаток во некое готвено јадење.
.gif)






















.gif)























