anemiaАнемија - последица на модата
Информирајте се повеќе за причините, симптомите и лечењето на оваа болест.
kijiФакти за вашата идеална тежина
Строгите диети може да ја променат ДНК структурата на крвта, поточно на хормонот кортизол кој се лачи при зголемен стрес.
jogurt2Чаша јогурт секој ден!
Јогуртот во организмот се вари побргу од млекото и изобилува со калциум.
proteini25 корисни факти за протеините
Внесувајте од 1,7 до 2,4 грама протеини на ден на килограм телесна тежина!

Како да останете имуни на празничната трпеза?

trpeza

Запомнете сервирањето на протеини треба да биде колку големината на еден шпил карти и никој не вели дека не можете да ставите од се по малку во чинијата.

Колку калории ќе налегнат оваа сезона на вашите колкови? Победете го зимското качување на тежина во периодот на празниците и справете се со празничната трпеза во 6 потези!

Носете голем прстен!

Дали знаете дека големиот свечен прстен покрај тоа што ќе ви ја надополни гардеробата и ќе ви помогне да согорите калории?

Сигурно сте зачудени како, но тој ќе биде вашиот визуелен потсетувач. Тој светкав прстен или нараквица ќе ви го привлечат вниманието секој пат кога ќе посегнете по ново колаче и ќе ви помогне да го намалите грицкањето.

Испијте чаша млеко!

Да најдете време за ужина пред да појдете на забава е речиси невозможно од сет тој хаос од подготовки, но да заминете гладни е опасно. Штитењето од калории во текот на целиот ден е ништо друго освен гаранција за прејадување на празничната трпеза.

Затоа испијте чаша млеко со ниска масленост, бидејќи тоа ќе ви го балансира нивото на јаглехидрати и протеини. Лесно е за консумирање и ќе ви даде енергија.

Бидете грациозна гостинка!

Не треба да бидете скржави и да се појавите со празни раце на забавата. Освен ако забавата не е со кетеринг пријавете се да донесете мезе и тоа ќе ви биде вашата гаранција дека ќе имате барем една здрава опција на трпезата.

Свежиот или приготвениот зеленчук, како и некој сос е одличен избор.

Дружете се со луѓето, не со храната!

Концентрирајте се на дружењето, а не само на јадењето. Одлично време е да поразговарате со семејството, пријателите, па дури и да се зближите приватно со колегите.

Исто така потсетете се дека не е културно да се зборува со полна уста.

 

NotForMen препорака: 10 совети за време на празниците

Стратешки аранжирајте ја чинијата!

Овој пат не мора да го прескокнете десертот. Наместо тоа започнете со аранжирање на чинијата со парчиња овошје во одредена шема. Потоа за останатото ќе ви остане малку место, па ќе треба да биде екстра селективни и помалку ќе имате место за она што многу го сакате.

Истиот принцип можете да го користите и за предјадењето со тоа што аранжирањето ќе го започнете со зеленчук.

Преземете контрола врз големината на вашата порција!

Сте чуле милион пати, но вредно е да се спомене. Клучот да уживате во празничниот дух е да јадете се што сакате.

Запомнете сервирањето на протеини треба да биде колку големината на еден шпил карти и никој не вели дека не можете да ставите од се по малку во чинијата, но она што не смеете да го направите е после неколку минути повторно да се вратите на трпезата или дома да понесете од остатоците.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?