
Жените кои јадат најмалку едно јаболко во денот имаат 28% помала шанса од развој на дијабетес тип 2.
Јаболкото освен што е вкусно овошје може да биде превентива од настинките во зимските денови. Доволно е само по едно јаболко на ден за да го зајакнете имунитетот и да ја регулирате телесната тежина.
Нутриционистите и лекарите напоменуваат поради достапноста во секоја сезона ова овошје да го консумирате редовно. Еве ги конкретните причини за тоа:
За чисти и здрави заби
Јаболкото не може да ја замени четката за заби, но со самото загризување и џвакање на јаболкото, се стимулира продукција на плунка во устата.
Џвакањето на јаболко го редуцира на нивото на бактерии во усната празнина кои се виновни за појавата на забен кариес.
Намален ризик од дијабетес тип 2
Жените кои јадат најмалку едно јаболко во денот, имаат 28% помала шанса од развој на дијабетес тип 2, во споредба со жените кои не јадат јаболка.
NotForMen препорака: Јаболко - лек на дофат
Го спречува формирањето на жолчни камења
Жолчните камчиња се формираат кога во жолчката има високо ниво на холестерол, а со внесувањето на јаболка кои се богати со диететски влакна, се намалува телесната тежина, а со тоа и нивото на холестерол во крвта.
За регулација на телесната тежина
Јаболката се едни од најдобрите овошја за регулирање на телесната тежина, затоа што се богати со витамини и диететски влакна, а нивната киселост помага во регулирање и намалување на прекумерната телесна тежина.
Смирување на иритациите на системот за варење
Синдромот на иритабилни црева се карактеризира со запек, дијареа, болки и надуеност. За да се контролираат овие симптоми, потребно е редовно внесување на јаболка, поради тоа што се извор на диететски влакна.
За јак имунитет
Црвените јаболка содржат антиоксидант, наречен кверцетин кој може да го поттикне и зајакне имунолошкиот систем, особено кога организмот е под голем стрес.
Една студија покажала дека консумирањето на сок од јаболка може да ја спречи појавата на Алцхајмеровата болест и да го забави стареењето на мозокот.
За здраво срце
Растворливите диететски влакна од јаболкото го забавуваат натрупувањето на холестеролските плаки во ѕидовите на артериитe.
.gif)





























.gif)























