
Чипсот, крекерите, супата, путерот од кикирики, па дури и замрзнатата храна може да претставуваат мал ризик за салмонела инфекции.
Салмонелата (освен Salmonella typhi) кај човекот главно се задржува во дигестивниот тракт, а кај животните салмонелата можеме да ја најдеме во разни ткива. Постојат над 2.000 видови и таа е најраспространетото труење со храна во светот.
Симптомите се грчеви во стомакот, температура и дијареа 12-72 часа по заразувањето. Болеста обично трае 4-7 дена. Со посебна диета, пиење на течности и лекови за намалување на температурата вашата состојба може да се подобри и најчесто не е потребен посебен третман со антибиотици.
Со салмонела можете да се заразите од:
ЈАЈЦА
Со салмонела бактеријата може да се зарази речиси секоја храна иако најголем ризик постои кај животинските продукти поради контактот со животински измет. Кај кокошките, јајцата може да се заразат пред да се формира лушпата, па така свежите јајца да бидат пристаниште на салмонелата.
Совет за безбедност:
Никогаш не јадете сурови или лесно варени јајца. Чувајте ја суровата живина одделно од другите видови храна. Мијте ги рацете и приборот по допирањето.
СВЕЖИ ПРОДУКТИ
Свежите продукти се заразуваат со салмонела инфекции од животните. Често може да бидат заразени доматите, пиперките, марулата и папајата. Зелјето, исто така може да биде пристаниште на салмонела затоа што се одгледува во топли, влажни услови и често се јаде сирово или недоволно готвено.
Инфекцијата може да биде сериозна, па дури и фатална за високо ризичните профили луѓе како бебињата и изнемоштените стари.
Совет за безбедност:
Убаво мијте ги, сушете ги свежите производи и чувајте ги во фрижидер.
NotForMen препорака: Сунѓерчето и правосмукалката - извор на болести!
КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА
Чипсот, крекерите, супата, путерот од кикирики, па дури и замрзнатата храна може да претставуваат мал ризик за салмонела инфекции.
Во 2009-тата имаше еден случај на путер од кикирики заразен од салмонела што предизвика бурни реакции бидејќи салмонелата во фабрика за производство може да контаминира многу продукти кои потоа мора да бидат отповикани.
Совет за безбедност:
Никогаш не користете продукти кои биле отповикани, веднаш фрлете ги. Загревањето на храната на 165° F може да ја убие бактеријата салмонела.
СИРОВО МЕСО
Живото месо, особено од животни кои живеат на земја, е изложено на ризик за салмонела контаминација. Лошо е што вообичаено не може да се препознае кое месо е заразено бидејќи тоа изгледа и мириса нормално.
Совет за безбедност:
Говедското, свинското и јагнешкото месо гответе го на најмалку 145° F, а пилешкото на најмалку 165° F. Избегнете ширење на бактеријата со миење на рацете по приготвувањето и чистење на работната површина со топла вода со сапуница.
.gif)






















.gif)























