dijabetes_statijaДијабетес - тип 2
Информирајте се за симптомите за да можете да го возвратите ударот на оваа тивка болест!
slicno_na_grozjeОвошно здравје
Сте слушнале ли за овошјето аронија?
mrza1_copyШто кога ве мрзи да вежбате?
Има денови  кога само помислата на забрзаното чукање на срцето ве прави уморни.
jard1Прекинувањето на половиот однос е лоша...
Во дури 20% од случаите тој е неуспешен, а главна причина за ова е предсемената течност.

Чаша јогурт секој ден!

jogurt

Со консумирање јогурт ја олеснувате апсорпцијата на калциум и Б-витамини.

Наутро или пред спиење изберете вие, но денес нека биде денот кога ќе го внесете јогуртот на вашето секојдневно дневно мени. Причини има многу, ние издвоивме деl од нив.

Еве зошто ви е потребна барем чаша јогурт на ден:

Јогуртот во организмот се вари побргу од млекото!

Многу луѓе кои се нетолерантни на млеко, можат да уживаа во вкусот на јогуртот. Некои ензими во јогуртот ја олеснуваат апсорпцијата на лактоза и го прават полесно сварлив. Тој во глобала содржи помалку лактоза од млекото.

Јогурт придонесува за здравјето на дебелото црево!

Има вистина во онаа поговорка „Здрави сте колку што е здраво вашето дебело црево“. Кога пиете јогурт се грижите за него на два начина, преку внесување на пријателски настроени бактерии и внесувате калциум, минерал кој придонесува за здравјето на дебелото црево.

Јогурт ја подобрува биорасположивоста на другите хранливи материи!

Со консумирање јогурт ја олеснувате апсорпцијата на калциум и Б-витамини.

Јогуртот ви го подобрува имунитетот!

Јогуртот е совршена храна за сите, покажаа и испитувањата. На децата им обезбедува протеини масти и минерали во форма која тие ја обожаваат, а кај возрасните го намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево.

 

NotForMen препорака: Диетално вкусно мени

 

Јогуртот ве штити од габични инфекции!

Многу испитувања покажаа дека пиењето јогурт ја намалува количината на исцедок од вагината и делува против габичните инфекции, како што е кандидата.

Јогуртот го намалува холестеролот!

Ова може да биде поради тоа што во јогуртот има состојки кои го асимилираат холестеролот или поради неговата способност да се врзува со жолчната киселина што исто така влијае на намалување на холестеролот.

Јогуртот е храна за растење!

Јогуртот ја зголемува способноста за апсорпција на минерали, затоа е особено важен за децата. Можеби треба да го примениме советот од Бугарите, кои се едни од најголемите консуматори на јогурт, и да го консумираме јогуртот секојдневно за подобро здравје и подолг живот.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?