
Водата не е само начин да се исчистат токсините, туку ако имате повеќе вода во организмот ќе се чувствувате поздрави и поенергични.
Го имаме благодатот да располагаме со неа во изобилство. Од чешма или флаширана, изборот останува на вас.
Но она што е важно е да ја консумирате многу, секој ден, секој час, секој миг... Да, водата е живот!
Овој пат ние би рекле дека водата е и пат до повитка фигура. Прави да се чувствувате полни, а содржи 0 калории и токму затоа е совршена за вашата диета.
Пијте многу вода!
Основниот совет за како бргу да ослабете е да пиете многу вода. На вашето тело му е потребно многу вода, па дадете му! Водата не е само начин да се исчистат токсините, туку ако имате повеќе вода во организмот ќе се чувствувате поздрави и поенергични.
Најдобрата работа за водата е што нема воопшто калории.
NotForMen препорака: Здрави пијалаци
Започнете го денот со чаша вода!
Веднаш штом ќе се разбудите испијте чаша студена вода. Тоа е одличен начин да се започне денот и ќе ви треба помала количина на појадок после тоа.
Чаша вода ги ослободува сите дигестивни сокови и на некој начин ја подмачкува внатрешноста на вашето тело. Тоа е одлично за вас.
Пијте чаша вода пред да започнете со оброкот!
На водата нормално и е потребно место во желудникот, па така побргу ќе се чувствувате полни без да изедете многу.
Испијте уште една чаша вода за време на оброкот!
Ова е уште еден начин како побргу да се чувствувате полни, па да станете од масата најадени со помала количина и со тоа да губите килограми.
Наместо да ја пиете цел чаша наеднаш, пијте голтки после залаците. Тоа ќе и помогне на храната да се смести поскоро и вие да се чувствувате најадени поскоро.
***Водата е навистина неверојатна работа, но ретко и ја придаваме вредноста која ја заслужува. Дали сте знаеле дека преку 66 проценти од телесната маса е ништо друго туку вода? Зачудувачки! Водата има витална улога во контролирањето на килограмите.
Во вашата диета вклучете продукти базирани на вода!
Доматите и лубеницата се одлични за вашата диета. Тие содржат 90 до 95 проценти вода и нема ништо да изгубите ако јадете од нив. Тие ве најадуваат без да качите килограми.
.gif)






















.gif)























