
На Кинески, Кока Кола значи “да се направи устата среќна“.
Верувале или не, во 50-те години на минатиот век некои жени сметале дека е доволно да пијат Кока Кола за да се заштитат од несакана бременост.
Овој мит е отфрлен со истражувањето во 1985 година направено од гинекологот д-р Deborah Anderson која дошла до заклучок дека при конзумацијата на Кока Кола се уништуваат околу 30% од сперматозоидите.
“Ова се случува затоа што овој пијалак има висок процент на шеќер кој спермата брзо го апсорбира. Тоа предизвикува еден вид на експлозија", објаснува д-р Anderson и додава дека тоа не значи дека конзумацијата на Кока Колата може да се користи како средство за контрацепција.
На почетокот во вкусот на Кока Кола, љубителите уживале за само 5 центи, што е еднакво на сегашните 2 денари и тогаш се продавале по 9 чаши на ден. Денес компанијата продава по 1.4 милијарди шишиња дневно.
- Првата Кока Кола се појавила 1886 година во една аптека во Атланта, а за нејзин изумител се смета Џон Пембертон.
- Првата фабрика на Кока Кола во Европа била отворена во Франција 1919 година.
- До 1905 година, кока колата содржела канабис кој подоцна бил отстранет од рецептот поради јавна загриженост.
- На кинески, Кока Кола значи “да се направи устата среќна“.
- Најпрвин Кока Колата била наменета против утрински мамурлак.
- Често Кока Колата се користи за миење на дамки од крв.
- Диеталната Кока Кола без шеќер била претставена во текот на 80-тите, односно во „Ерата на лудилото за фитнес“ како што е наведено на сајтот на компанијата.
- Кока Кола го има креирано ликот на Дедо Мраз со нејзините реклами во 1920-те и 1930-те години на минатиот век.
.gif)






















.gif)























