
Ова егзотично овошје изобилува со витамини, микроелементи, диетални влакна и природен шеќер.
Ако го баравте најлесниот и највкусниот начин да изгубите килограми тој е пред вас! Диетата со банани ќе ви помогне лесно да го задоволите гладот и да изгубите некој килограм.
Според истражувањата само две банани даваат доволно енергија за напорно 90 минутно вежбање. Затоа таа се нарекува и овошје на атлетите.
Бананата е спој на одличен вкус и здрави својства. Најдобриот лек за болести на гастроинтестиналниот тракт го имате во вашиот најблизок маркет.
Ова егзотично овошје изобилува со витамини, микроелементи, диетални влакна и природен шеќер. Сите овие супстанции се витални за работата на организмот. И покрај калоричноста, бананата се смета за диетална бидејќи содржи малку масти.
Диета со банани: Варијанта 1
Комбинирајте ги бананите со млеко или јогурт. Оваа диета држете ја 3-4 дена за да изгубите 4 килограми.
Дневно можете да консумирате по 3 банани и исто толку чаши млеко. Распоредете ги оброците во текот на целиот ден, а помеѓу нив пијте зелен чај или обична вода.
NotForMen препорака: 3-дневна диета со овошје
Диета со банани: Варијанта 2
Оваа диета трае 7 дена. Можете да јадете банани кога ќе посакате во текот на денот, но не повеќе од 10 банани дневно. Зелениот чај и водата исто така се вклучени и тука.
Вашиот организам ќе добива само 1.300 килограм-калории и затоа долготрајна диета води кон недостиг од протеини. Овој недостиг надополнете го со варени јајца.
Изобилство од калиум = здраво срце
Двете диети ќе му обезбедат на вашиот организам калиум кој е исклучително важен за срцевата активност. Единствениот недостаток на оваа еднолична диета е што жените често подзабораваат на границите и кога ќе завршат со режимот почнуваат да јадат се што ќе најдат, а со тоа логично качуваат дури и повеќе килограми од претходно. Затоа по завршувањето на диетата постепено враќајте се на вашите вообичаени навики.
Оваа диета ќе ви помогне во детоксикација на вашето тело и ќе ви го забрза метаболизмот и секако вие ќе бидете послаби.
Што не сте знаеле за бананата? Откријте во наредното слајд-шоу!
.gif)































.gif)























