
Бананите и мангото се сами по себе слатки овошја, но ќе биде уште повкусно ако ги измешате со други видови овошје и додадете малку јогурт или лимонов сок.
Повторно имате една од оние кризи за благо? Веднаш ви паѓаат на ум тие високо калорични колачи?
Овој пат мислете здраво и делувајте паметно! Млечното чоколадо заменете го со темно чоколадо, а сладоледот со замрзнат јогурт. Постојат многу вкусни и здрави десерти од овошје кое може да ви ја задоволат желбата за благо со само малку внесени калории.
Еве 5 идеи како лесно да си приготвите вкусен десерт богат со витамини и калциум.
Овошна салата
Бананите и мангото се сами по себе слатки овошја, но ќе биде уште повкусно ако ги измешате со други видови овошје и додадете малку јогурт или лимонов сок. Зачинете и со други видови ситно овошје и секој пат подгответе си поинаков десерт.
Овошје во чоколадо
Парчињата овошје потопени во чоколадо се одличен десерт. Но изберете темно чоколадо наместо млечно кое има многу повеќе шеќер во себе. Има многу начини да си играте за комбинирање на овошјето. Еден од нив се и пудинзите.
NotForMen препорака: Рецепти за 3 најпознати коктели во диетална форма
Печени јаболка
Печените јаболка се вкусни и лесни за приготвување. Издлабете го јаболкото и наполнете го со нешто. Исто така додадете малку шеќер и путер. Загрејте ја рерната на 175 степени и ставете го јаболкото да се пече околу 15 минути.
Урми
Кога сте мрзеливи да приготвувате било што, отворете си пакетче урми. Ова овошје не само што е многу благо, туку е и многу полезно за здравјето. Можете да ги јадете со чај или млеко.
Замрзнат јогурт
Ако сакате ниско калоричен сладолед, земете обичен јогурт и наместо да му додавате шеќер ставете овошни парчиња, ванила и цимет. Ставете го во замрзнувачот и потоа уживајте во него.
.gif)






















.gif)























