
Топењето на чоколадото во вашата уста продуцира иста или дури и посилна реакција од страстен бакнеж.
Oд дождовните шуми на централна Америка, преку првата фабрика за чоколадо во Шпанија, како најстрого чувана тајна со цена за еден килограм еднаква на килограм сребро, денес оваа закуска е лесно достапна на вашата трпеза во било кое време.
Првото чоколадо, какво што ние го знаеме, е произведено во 1847-та година во Англија. До крајот на текстот сигурно ќе дојде мигот кога ќе појдете до најблискиот маркет да си купите едно такво и повторно да се почувствувате заљубени.
Дознајте некои интересни факти за ова слатко задоволство:
- Античките Ацтеки на чоколадото му припишувале магични моќи, како способноста да им дава сила. Тие го консумирале како пенест пијалак, нешто како топлото чоколадо денес.
- Чоколадото содржи повеќе од 300 минерали полезни за вашето здравје.
- Чоколадото се произведува од билка наречена „Theobroma cacao“, што во превод значи „храна за боговите“.
- Темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај, а исто колку и боровинките.
- Швајцарија е една од водечките земји во консумација на чоколадо. Еден Швајцарец консумира речиси 10 килограми годишно чоколадо.
- Топењето на чоколадото во вашата уста продуцира иста или дури и посилна реакција од страстен бакнеж.
- Најскапото чоколадо во светот е 2.600 долари килограм. Наречено е Madeleine и го произведува Fritz Knipschildt од Connecticut. Еве неколку забавни цитати за чоколадото:
Ставете го „јадење чоколадо“ на врвот од вашата листа на задачи денес. На овој начин, ќе извршите барем една задача.
Не постои ништо подобро од добар пријател, освен добар пријател со чоколадо.
NotForMen препорака: Само уште една коцка чоколадо
Кафето го прави возможно станувањето од кревет, но чоколадото го прави вредно.
Толку многу чоколадо, толку малку време!
Девет од 10 луѓе сакаат чоколадо. Десеттиот лаже.
Се што ни е потребно е љубов. Но малку чоколадо од време навреме не штети.
Чоколадото ги насмевнува сите, дури и банкарите.
Чоколадото е шампањот на сиромашниот маж.
.gif)






















.gif)























