
Најверојатно мислевте дека ќе читате за остригите само како за афродизијак, зарем не? Тие го имаат своето место и тука, затоа што се мајка на цинкот.
Скршивте чинија од омилениот сервис или соседот повторно буши со бормашина во четири часот попладне, како да си помогнете?
Не е време за нервоза, стрес или во краен случај таблети за смирување, време е за една здрава закуска која ќе ве релаксира!
Еве кои продукти ги имаат потребните минерали и витамини за да го победат стресот:
АСПАРАГУС
Шпарглата или аспарагусот ретко се користи на нашите простори, но е навистина здрав. Пропратен ефект понекогаш може да биде чудниот мирис на урината, но тоа е навистина мала цена да се плати за сите фолати со кои ве снабдува.
Витаминот Б од него е витален во контролирањето на стресот. Консумирајте го варен со исецкани билки и пармезан или јадете го како салата.
АВОКАДО
Покрај тоа што е одличен извор на здрави масти, ова зелено овошје му помага на вашето тело при стрес. Богато со глутатион, супстанција која ја спречува цревната апсорпција на некои масти кои предизвикуваат штета, како на пример на слободните радикали одговорни за стареењето.
Авокадото исто така содржи фолна киселина повеќе од било кое друго овошје. Обидете се да консумирате само една четвртина авокадо на едно служење. Може да го јадете како салата или замена за мајонез во хамбургерите.
NotForMen препорака: Храна за нервите
БОБИНКИ
Сите видови бобинки, како боровинки, јагоди, малини и капини се богати со витамин Ц, кој е навистина корисен во справување со стресот. Германските истражувачи го тестираа ова на 120 луѓе кои требаше да одржат говор и да решат тешки математички задачи.
Тие кои земале витамин Ц имале понизок крвен притисок и помали нивоа на кортизол, хормонот на стрес. Затоа додадете рака бобинки во вашата овошна салата или во јогуртот.
ПОРТОКАЛИ
Уште еден моќен извор на витамин Ц се портокалите. Нивна предност е што дебелата кора ги штити, па можете да ги ставите во ранец и да ги носите секаде.
ОСТРИГИ
Најверојатно мислевте дека ќе читате за остригите само како за афродизијак, зарем не? Тие го имаат своето место и тука, затоа што се мајка на цинкот.
Шест остриги, колку што најчесто се служи во рестораните како мезе, содржат повеќе од половина од препорачаната дневна доза од овој важен смирувачки минерал. Консумирајте ги со разни сосови или само со стискање на лимон врз нив.
.gif)






















.gif)























