
Со витамин А изобилува слаткиот компир. Меѓутоа внесувањето витамин А без цинк не е корисно, па потребно е и пилешко.
Не можете да станете од креветот, се чувствувате како да сте истрчале маратон, а единствената активност во последните два часа ви е мрдањето на очите лево-десно по страните на последниот бестселер од кој не можете да се одвоите.
Отидете до кујната земете еден мал сад, наполнете го се леблебија и ете ви занимација за грицкање при читањето. Подоцна изедете една црвена пиперка и сте ја направиле вистинската комбинација што ќе ви даде енергија.
Еве зошто е делотворна таа, а и уште 4 други лековити комбинации на храна:
Истоштени сте и без енергија?
РЕШЕНИЕ: Леблебија и црвена пиперка
Секоја петта жена има ниско ниво на железо. Консумацијата на храна богата со железо нема многу да помогне ако вашето тело не е во состојба да ја разгради таа храна.
За да не пропадне железото во леблебијата, олеснете му го разградувањето на телото и додадете малку црвена пиперка. Токму витаминот Ц од пиперката е клучен за апсорпцијата на железото.
Имате проблеми со видот?
РЕШЕНИЕ: Спанаќ и авокадо
Спанаќот изобилува со витамин А и со лутеин, кои се одлични за заштита на видот. Авокадото содржи дури повеќе витамин А од спанаќот, а и здрави маснотии кои се потребни за апсорпција на витамините.
NotForMen препорака: Што да јадете кога сте тажни, уморни или под стрес?
Повторно ве мачи ПМС?
РЕШЕНИЕ: Брокола и јајца
Ако и вас, како и многу други жени, ве мачат раздразливост и лошо расположение секој месец, убаво јадење направено од јајца и брокола би можело да биде од голема помош.
Јајцата и броколата содржат многу калциум и витамин Д, кои успешно ги ублажуваат симптомите на ПМС:
Кожата ви е сува и испукана?
РЕШЕНИЕ: Домати и маслиново масло
Ликопенот, многу корисен антиоксиданс кој помага при изгорена кожа од сонце, го има во доматите.
Но за мека и мазна кожа самиот домат не е доволен, па затоа за потполн ефект додадете маслиново масло.
Повторно подлегнавте на сезонскиот грип?
РЕШЕНИЕ: Пилешко и компир
Ретко кој друг продукт има толкави резерви на витамин А како што има слаткиот компир. Меѓутоа внесувањето витамин А без цинк не е корисно.
Тука настапуваат пилешкото или свинското и говедското, кои меѓу другото изобилуваат со цинк. Цинкот на организмот му е потребен за да може квалитетно да го разгради витаминот А. Време е со храна да го лекувате грипот.
.gif)






















.gif)























