
Гледањето на вашиот струк не значи дека треба да станете машина која го посветува секој миг на работата на тоа.
Ако губењето килограми беше како таблета, тогаш листата со пропратни ефекти требаше да вклучува „може да предизвика недостиг на пари“ или „некои корисници се соочуваат со загуби на пријатели“.
Токму тоа се случува кога половина плата ја трошите на здрави намирници и ги откажувате вечерните дружби само да не бидете во близина на пица или тестенини..
Еве неколку совети како да се борите со вишокот килограми, а да не го изгубите животниот стил:
Губете килограми, а не пријатели!
Дали сте забележале дека денот кога ќе најавите дека започнувате нова диета не ги воодушевува баш вашите пријатели?
Причината е таа што скратувањето на калории предизвикува нивото на серотонин, мозочната хемикалија за добро чувство, да се намали, а вие тој период сте раздразливи и непријатни.
Затоа за да го задржите доброто расположение откријте колку калории на ден соодветствуваат на вашите дневни активности и убаво поделете ги меѓу протеини и цели зрни соодветно на секој оброк. Исто така внесувајте омега 3-масни киселини, од маслиновото масло или лососот, бидејќи тие се борат со депресијата.
Губете килограми, а не пари!
Кога сте на диета очекувате стомакот да ви биде празен, а не паричникот. Но според истражувачите на универзитетот во Washington цената на здравата храна пораснала за 30% во последните 4 години, а цената на слатките и соковите само за 15%.
Тактика за штедење нека ви биде јадењето помалку месо. Наместо него внесувајте грав, овес, кафеав ориз, модар патлиџан и печурки.
NotForMen препорака: 5 диети штетни за здравјето
Губете килограми, а не време!
Во една неодамнешна анкета, 41% од жените како причина за својата лоша исхрана го навеле немањето доволно време.
Потрошениот час или два преку викендот за пазарење на здрави продукти за цела седмица ќе ви заштеди време. Речиси 40% од луѓето кои изгубиле значаен број на килограми ги планирале неделно своите оброци.
Ако немате план, тогаш сте во искушение да го зграбите тоа што е најблиску, а тоа најчесто е високо калорична брза храна.
Губете килограми, а не животен стил!
Гледањето на вашиот струк не значи дека треба да станете машина која го посветува секој миг на работата на тоа. Всушност, пристапот се или ништо е контрапродуктивен.
Многу жени прават промени, за кои никогаш нема да можат да се држат, како нејадење воопшто или одење на трчање во 5 часот изутрина и со тоа се наведуваат на неуспех.
Наместо строги режими, практикувајте мали промени. На пример држете се за правилото дека на ден смеете да гледате телевизија онолку колку што сте вежбале, дека мора да појадувате и дека со секој оброк мора да консумирате зеленчук.
На овој начин нема цел живот да го живеете во духот на слабеењето.
.gif)






















.gif)























