
Сила е способноста да скршиш чоколадо на четири дела со голи раце и потоа да изедеш само едно од тие парчиња.
Колку пати на ден помислувате „што вкусно да јадам денес“? На работа го обожувате оној половина час пауза кога без грижа на совест знаете да се почестите со оброк нездрава храна, а вие не сте виновникот за тоа туку работното место. Па ручекот кога конечно во домашна атмосфера ќе се опуштите, па нешто благо, па овошје, па грицки, па вечера во ниедно време.
Но кој може да и одолее на најискрената љубов, храната?
NotForMen препорака: Зошто диетите не успеваат?
Велат лошата храна е приготвена од готвачи кои немаат гордост и немаат љубов. Лошата храна е направена од готвачи кои се индиферентни или се обидуваат да им бидат се на сите, кои се обидуваат да задоволат секој...
Лошата храна симболизира страв и недостиг на доверба во способноста на луѓето да донесат одлуки за сопствените животи. Храната која е премногу безбедна, премногу здрава е лоша! Треба да постои некој ризик.
Затоа денес пригответе си еден „високо ризичен“ оброк и забавувајте се со најсмешните цитати за храната:
- Тостот секогаш е изваден: или прерано или предоцна.
- Бев на диета две недели и се што изгубив се две недели.
- Готвам со вино. Понекогаш дури додавам во храната.
- Живееме во ера кога пицата ви стигнува во домот побрзо од полицијата.
- Сила е способноста да скршиш чоколадо на четири дела со голи раце и потоа да изедеш само едно од тие парчиња.
- Нема поискрена љубов од љубовта кон храната.
- Пивото е доказ дека Господ не сака и сака да бидеме среќни.
- Вино: причината и решението за сите животни проблеми.
- Мојот доктор ми кажа да престанам да имам интимни вечери за четворица, освен ако таму нема уште три луѓе.
- Само подај ми го чоколадото и никој нема да биде повреден.
- Се откажав од пиење и пушење, тоа беше најтешкиот час во мојот живот.
- Оризот е одличен за јадење, особено кога си навистина гладен и сакаш да изедеш илјадници од нешто.
- Само две работи парите не можат да купат: вистинска љубов и домашно одгледани домати.
.gif)






















.gif)























